23 април, 2024
ПочетнаЗДРАВЈЕПодобрете го изгледот на вашата кожа со овој едноставен напиток

Подобрете го изгледот на вашата кожа со овој едноставен напиток

За овој здрав напиток, кој делува како еликсир на младоста, потребни ви се краставица, целер и органски зелен чај.

Смирувачкото и благотврно дејство на краставицата е добро познато, а и се препишува на кафеинската киселина и витаминот Ц, додека силициумската киселина, како уште една компонента на краставицата, е многу важна за одржување на здравјето на сврзното ткиво на мускулите. Таа го подобрува тенот и го одржува здравјето на кожата, а заедно со водата, природно ја хидрира и и дава здрав сјај.

Б комплексот од целерот ја потикнува измената на јаглехидрати во телото и ја одржува кожата здрава, додека неговата главна состојќа кумарин го спречува штетното делување на радикалите и кожата ја одржува блескава.

Третата состојка е зелениот чај чиј висок процент на антиоксиданси, вклучувајќи ги и витамините Е и Ц, го забавува процесот на стареење на кожата.

Потребни состојки:

2 излупени свежи краставици

4 стебленца целер

2 мали шољички органски зелен чај

Подготовка:

Во блендер ставете ги сите состојки и добро измешајте ги, по потреба додадете малку вода ако смесата е премногу густа. Напитокот конзумирајте го веднаш по подготовката.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП