Проширувањето на „Северен поток“ ги доби сите потребни дозволи за изградба и од властите во Финска, објави проектната компанија „Nord Stream 2 AG“. Така цевките полека си го пробиваат патот кон Европа, откако во март Германија даде „зелено светло“ на проектот.
Процесот на одобрување се уште не заврши во Данска, Шведска и Русија.
Во почетокот на месецот проектната компанија доби дозвола да изгради проектот во ексклузивна економска зона Финска. Се очекуваше и второ одобрение – од регионалната администрација во Јужна Финска и сега гасоводот ги има сите потребни документи за градба.
Плановите на „Газпром“ се да почне да ги гради новите две цевки по дното на Северното Море во 2019-та година. Вкупната должина на патеката е 1.230 километри. Финскиот дел има должина од 374 километри.
Рускиот гасен гигант, кој е единствен сопственик на капиталот на „Nord Stream 2“, инсистира дека гасоводот е целосно економски мотивиран, цитирајќи податоци дека барањата од земјите кои ќе се сервисираат од цевките се зголемија во минатата година.
Сепак, гасоводот не е единствено прифатен во Европа. Меѓу најголемите лобисти за проектот е токму земјата домаќин Германија, која ќе ја намали цената на природниот гас благодарение на укинувањето на транзитните такси. Иницијативата има поддршка и од Австрија.
Во Централна и Источна Европа, сепак инсистираат дека „Северен поток 2“ само ќе ја зајакне руската доминација на гасниот пазар во заедницата.
Пред неколку дена, германскиот канцелар Ангела Меркел рече дека проектот ќе функционира само ако има јасност што се случува со транзитот на гас преку Украина.
Од соопштението на сајтот на руското Министерство за енергетика, станува јасно дека во почетокот на оваа недела имало телефонски разговор меѓу министерот Александар Новак и комесарот за Енергетската унија Марони Шефчович. Новак изразил подготвеноста на руската страна да ги остварува испораките за Европа преку територијата на Украина. Според зборовите на рускиот министер има можност транзитот да продолжи и по 1-ви јануари 2020-та година, но тоа ќе зависи од „економските образложение и условите за користење“ на пренос на гас на земјата.
На крајот на март „Нафтогас Украина“ соопшти на својот сајт, дека упатила понуда за транзитните такси и користењето на мрежата по 2019-та година. Тогаш истекува договорот за транзит на рускиот гас преку Украина, а во моментов „Газпром“ се обидува да го раскине овој договор предвремено преку дело во арбитражен суд.