23 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАНајбогатите 1% ќе контролираат две третини од светското богатство до 2030-та

Најбогатите 1% ќе контролираат две третини од светското богатство до 2030-та

Најбогатиот 1% од луѓето ќе контролира две третини од светското богатство до 2030-та година Ова станува јасно од извештајот на „House of Commons library“, цитиран од британскиот весник „Guardian“.

Според податоците континуираната акумулација на средства во рацете на елитата ќе предизвика постојано растечката недоверба и гнев во идната деценија, освен ако не бидат преземени мерки за обновување на балансот.

Ако трендовите забележани од финансиската криза во 2008-ма година продолжат, тогаш најбогатиот 1% ќе контролираат 64% од светското богатство до 2030-та година. Дури и земајќи ги во предвид ефектите од кризата и мерењето на средствата на долг рок, најбогатите повторно ќе имаат повеќе од половина од парите во светот.

Од 2008-ма година па наваму, богатството на најбогатиот 1% бележи пораст во просек по 6% годишно – побрзо од 3-те проценти годишно за останатите 99% од населението во светот. Ако остане овој тренд, најбогатите луѓе ќе имаат вкупно богатство од 305 илјади милијарди долари. Во моментов, нивните фондови се околу 140 илјади милијарди долар – односно повеќе од двојно зголемување.

Според анализата, концентрацијата се должи на нееднаквоста во приходите, повисоките каматни стапки на заштедите на најбогатите и акумулацијата на средствата. Тоа е, исто така, последица на инвестирање средства во компании, акции и други високо-продуктивни финансиски средства.

„Guardian“ ја цитираше британската агенција за проучување „Opinium“, според која анкетираните наоѓаат голем проблем во влијанието што го вршат најбогатите. На прашањето кој ќе има најголема моќ во 2030-та година, поголемиот дел од учесниците (34%) го наведоа супер-богатите, а 28% рекоа дека тоа ќе бидат националните влади. Знак за смалувањето нивоата на доверба е и фактот дека во анкетата изјавиле дека чувствуваат страв од последиците од нееднаквоста во приходите, кои можат да бидат причина за зголемување на корупцијата (41%) или несоодветно влијание на најбогатите врз политиките на владите (43%).

Студијата е по нарачка на Лиам Бирн, поранешен британски министер од Лабуристичката партија, како надеж е дека на овој начин ќе се изврши притисок за преземање акција на глобално ниво за време на претстојната средба на земјите од „Г20“ во Буенос Аирес во ноември.

„Ако не преземеме акција за презапишување на правилата врз кои работат нашите економии, тогаш се впуштаме во иднина на постојана нееднаквост“, рече тој.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП