25 април, 2024
ПочетнаКАРИЕРАСоздадете ги овие 4 навики и ќе бидете поуспешни на работа

Создадете ги овие 4 навики и ќе бидете поуспешни на работа

Добро е познато дека успехот не доаѓа од небото – потребно е да го заслужите со квалитетна работа, посветеност и цврст став.

Како што пишува Бизнис Инсајдер, авторот на книгата „Како до работата која навистина ја сакате“ и извршниот директор Хамилтон Бредшо на групацијата James Caan објаснува кои навики луѓето треба да ги создадат ако сакаат константно да напредуваат во работата.

1. Мотивирајте се

Ако чекате другите да ве поттикнат и охрабрат за постигнување на вашите цели, не покажувате дека сакате успех и не сте на добар пат. Наместо да чекате другите, би требало сами себе да се туркате секој ден и постојатно да барате начин за напредок.

2. Истакнете се

Кога работодавецот ќе види дека активно преземате иницијатива за проектите, на добар пат сте. Исто така, секогаш преземајте одговорност за задачите без оглед дали ви се допаѓаат или не. Кога непријатните задачи ќе ги префрлате на колегите, ќе создадете лоша репутација.

3. Останете фокусирани

Успешните луѓе знаат да ги одредат приоритетите за така најмногу време да им посветат на задачите кои се клучни за бизнисот. Со други зборови, ако постојат 10 работи кои треба да ги направат, подобро е да постигнете одлични резултати на неколку од нив, отколку средни резултати на сите 10.

4. Бидете критични

Како што е важно да бидете фокусирани на напредокот, понекогаш треба да направите чекор наназад и да се завртите на досегашната работа. Секојдневно анализирајте што сте направиле, како прошло и на кој начин можете да го унапредите.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП