25 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАГерманија и помага на Шпанија со кредити

Германија и помага на Шпанија со кредити

shpanija1

Германија ќе им овозможи кредитни олеснувања на малите и средни претпријатија во Шпанија, поради поттикнување на економскиот раст и отворање на нови работни места.

Според документ во кој агенцијата АП имаше увид, германската влада ги гарантира билатералните кредитни олеснувања вредни милијарда евра.

Овој кредит со ниска каматна стапка, кој што ќе биде пласиран преку германската државна банка „KfW“, ќе му овозможи на шпанскиот официјален кредитен Институт (ICO) да го раздели тој износ во кредити за малите претпријатија.

Во документот, кој што е потпишан од германскиот заменик-министер за финансии Штефен Кампетер, се наведува дека таа иницијатива ќе биде проширена и во други држави кои што се погодени со должничката криза, како Португалија.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП