3 јули, 2024
ПочетнаЗДРАВЈЕИсхрана која ги штити жените од рак на дојка

Исхрана која ги штити жените од рак на дојка

Резултатите од новата студија потврдуваат дека исхраната богата со маслиново масло е поврзана со намалениот ризик за развој на рак на дојка.

За медитеранската исхрана се верува дека го штити срцето, го спречува развојот на Алцхајмерова болест, ја намалува депресијата, а научниците порачуваат дека е корисна и за спречување на развојот на рак на дојка.

Медитеранската исхрана се состои од свежо овошје и зеленчук, а тука спаѓаат и житарките, производите од житарки, немасното месо, рибата и морските плодови, млекото и производите од млеко, јаткастите плодови и мешунките, но и доста маслиново масло.

Резултатите од новата студија потврдуваат дека исхраната богата со маслиново масло е поврзана со намалениот ризик за развој на рак на дојка, а жените од Шпанија кои што ја следеле зададената исхрана, го намалиле ризикот за дури 68 проценти.

Иако научниците не можат да потврдат дали се работи само за последици од медитеранската диета или сето тоа е поради зголемениот внос на маслиново масло во организмот, лидерот на студијата, д-р. Мигел Мартинез-Гонзалез, од универзитетот Навара вели:

„Резултатите од оваа студија го потврдуваат бенифитот од медитеранската исхрана со зголемен удел на маслиново масло при превенција на ракот на дојка“.

Тој додаде дека ќе треба да се спроведат и уште неколку истражувања, но сепак истакна дека медитеранската исхрана која што се базира на билки, риби и маслиново масло, во голема мера помага во намалувањето на ризикот од појавата на кардиоваскуларни болести.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП