26 април, 2024
ПочетнаЗДРАВЈЕЗошто треба да пиеме козјо млеко

Зошто треба да пиеме козјо млеко

Козјото млеко спаѓа во најздравите намирници, особено кога зборуваме за млечните производи, бидејќи неговата хемиска структура е неверојатно слична со мајчиното млеко.

Ширум планетата козјото млеко не се употребува само за исхрана туку и како природно средство за лекување на многу болести. По составот е најслично со мајчиното млеко – содржи мноштво протеини богати со есенцијални амионокиселини, широка лепеза на витамини и минерали, а нема тешко сварливи масти.

Козјото млеко е и многу полесно за варење од кравјото млеко бидејќи содржи значително помалку лактоза, па многу полесно го поднесуваат лицата интолерантни на лактоза и оние со осетлив желудник.

Исто така, во однос на кравјото млеко, има и повисоко ниво на витамини (особено витаминот Б6) и минерали (особено калциум), а помалку калории.

Бидејќи е блиску до совршената храна и лесно за органите за варење, тоа е погодно за исхрана на бебињата непосредно по престанокот на доењето. Освен тоа, не содржи одреден вид на протеини кои најчесто предизвикуваат алергиска реакција кај децата.

Луѓето на село уште многу одамна го користеле козјото млеко за јакнење на имунитетот, лекување на проблеми со белите дробови и туберкулоза, но и како сојузник во бората против нервоза и несоница. Тоа во себе ги содржи витамините Б1, Б2, Б6 и Б12 па затоа го зајакнува и нервниот систем. Со оглед на тоа што козите ја јадат кората од билките, нивното млеко е богато со силициум, а тоа е минерал кој позитивно влијае на кожата, косата и ноктите.

На крај да не заборавиме и на тоа дека козјото сирење, исто така, е моќно природно средство за зајканување на организмот и заштитник од многу болести.

Поради сите овие лековити својства, козјото млеко би требало да ги привлече и оние лица кои не го обожуваат нивниот мирис.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП