20 април, 2024
ПочетнаЗДРАВЈЕНаправете домашен балзам за брз и здрав раст на косата

Направете домашен балзам за брз и здрав раст на косата

Гледајќи ги рекламите како лесно и брзо некој одреден шампон или балзам косата ја прави неверојатно убава, веднаш започнуваме со купувањето на тие производи. А резултатот и ефектот од рекламите никогаш не се манифестира на нашата коса, како што тоа е случај со девојките од рекламите…

Значи, време е да ги преземете работите во ваши раце и сами да подготвите домашен балзам, кој ќе и одговара на вашата коса…

Состојки:

– 1 жолчка

– 1 супена лажица масло од рицинус

– 1 супена лажица јаболков оцет

– 2 супени лажици од вашиот шампон

– 1 супена лажица купечки балзам или маска за коса

Подготовка:

Одвојте ја жолчката од белката. Ставете ја жолчката во некој соодветен сад. Додадете го маслото од рицинус и јаболковиот оцет. Се добро промешајте, смесата да се изедначи.

Додадете го и шампонот, па потоа балзамот или маската. Повторно добро промешајте. Ќе добиете смеса со густина на јогурт или ретка павлака.

Смесата се нанесува на влажна измиена коса, а врз неа се става најлонска кеса и пешкир. Нанесената смеса се држи така 15-20 минути а потоа се измива со вода. Овој балзам во прво време можете да го користите при секојдневното миење на косата, а по 2-3 недели можете поретко да го користите.

Оваа мерка е доволна за коса со средна должина. Ако имата долга коса, зголемете ги мерките на состојките.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП