18 април, 2025
ПочетнаЕКОНОМИЈАСБ: Европа и Централна Азија постигнуваат напредок во однос на родовата еднаквост

СБ: Европа и Централна Азија постигнуваат напредок во однос на родовата еднаквост

Земјите од Европа и Централна Азија бележат напредок во однос родовата еднаквост – во последните две години во регионот се остварени 15 реформи во законодавството насочени кон подобрување на економската инклузија на жените, се вели во новиот извештај на Групата на Светска банка, насловен „Жени, бизнис и законодавство 2018“.

Сепак, земјите од регионот заостануваат во обезбедувањето соодветна заштита на жените од насилство, особено на работа. Се уште широко распространети во регионот се ограничувањата за жените да заземат одредени работни места, се вели во извештајот, кој излегува на секои две години и ги анализира законите со кои се ограничува вработувањето и претприемничката активност на жените во 189 држави, вклучувајќи 25 земји од регионот на Европа и Централна Азија.

Во своето петто издание, извештајот воведува систем за оценување од 0 до 100 за подобро следење на напредокот во спроведувањето на реформите. Секоја набљудувана земја добива поени за секој еден од седумте индикатори кои се разгледуваат во извештајот, имено: пристап до институциите, располагањето со имот, вработување и стимулирање на вработувањето, пристап до правниот систем, пристап до кредити и заштита на жените од насилство.

„Во земјите во регионот на Европа и Централна Азија обично не се разликуваат мажите и жените во многу од индикаторите на „Жени, бизнис и законодавство“. Сепак недостатокот на соодветна заштита против домашното насилство или сексуално вознемирување на работното место, како и присуството на ограничувања во однос на вработувањето, може да ги намали потенцијалните приходи на жените и да го ограничи учеството во пазарот на работна сила“, вели Рита Рамаљо, виш менаџер за „Глобални индикатори“ во Групата на Светска банка која ја остварува подготовката на Извештајот за „Жени, бизнис и законодавство“.

Во текот на изминатите две години, неколку земји ги укинаа правните бариери за вработувањето на жените. Во Босна и Херцеговина се отстранети голем број на ограничувања за вработување на жените, вклучувајќи работни места кои се сметаат за тешки, штетни и пак работа под вода, а во Таџикистан е укинато ограничувањето за работа на жените во ноќна смена.

Македонија е наведена во извештајот како државата, која го подобри пристапот до кредити, на почеток информациите да се дистрибуираат податоци од трговците на мало, вклучувајќи ги и позитивните и негативните податоци.

Сепак во 14 земји од регионот постои забрана за работа на жените во некои индустрии, а во девет земји постои забрана за извршување на одредени видови на работа, која се смета за опасна, тешка или морално неприфатлива. Просечно регионот регистрира 77 поени по показатели за вработување, а само две држави, Латвија и Литванија, ги забележуваат максималните 100 поени.

Меѓу другите реформи кои се применуваат во регионот, вклучувајќи и во Албанија, се усвојување на нов закон за работни односи, со кој се воведува еднаква плата за мажите и жените, еквивалентни работни позиции. Слично на тоа, во Турција е донесен нов закон со кој се забранува дискриминација на работното место врз основа на пол, а истото важи и за промоции. Азербејџан и Молдавија усвоија закон со иста возраст за пензионирање на мажи и жени, како и за плаќање на целосно осигурување. Во Албанија и во Молдавија, платено отсуство за татковство беше воведено за да им помогне на жените да продолжат со својата работа по семејството.

Регионот има најнезадоволителни резултати во поглед на градење на кредитен систем кој го ограничува пристапот на жените до капитал. Седум земји добиваат 0 поени за овој индикатор и само две до 100 поени, додека вкупниот резултат за регионот е 33 поени.

Индикаторите се исто така ниски во областа на заштитата на жените од насилство – тука регионот има 59 поени. Речиси една четвртина од земјите во регионот немаат закони против малтретирањето на работа.

На позадината на потребата во регионот да се направи повеќе за заштита на жените од насилство, во Литванија е постигнат напредок со усвојувањето на новиот закон за забрана на сексуалното вознемирување во образованието и се воведени граѓанско-правни средства за заштита од сексуално вознемирување на работното место.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП