Компанијата „PGO“ објави некои нови детали за својот концепт „Cevennes Water Ѕanke“ кој дебитираше на саемот за автомобили во Шангај. Обоен во сина боја со карбон-фибер флакна кои преовладуваат на каросеријата, овој модел потсетува на стандардниот „Cevennes“.
Меѓутоа возилото е специфично по новите предни светла, LED светлата за дневно возење, како и 18 инчни алуминиумски тркала со „Michelin Pilot Sport Cup“ пневматици. Ентериерот на овој модел е опремен со кожен тапацир, украси изработени од јаглеродни влакна.
За погонот на овој модел е задолжен 1.6 литарски четирицилиндричен мотор кој развива снага од 186ks и 240Nm вртежен момент кој е позајмен од компанијата „BMW“.
Овој мотор е поврзан со шестстепен мануелен менувач кој овозможува возилото да достигне максимална брзина од 225km/h.