18 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАКој се ги користи податоците што ги има Фејсбук за нас?

Кој се ги користи податоците што ги има Фејсбук за нас?

Во центарот на светската јавност се појави голема афера, во која кој знае по кој пат се најде социјалната мрежа Фејсбук. Истражувањето кое се води во САД за докажување за Руското влијание на изборите во САД, поради новите информации добива нова тежина и непредвидени пренасочувања на сосема поинаква страна.

Имено, Кристофер Вили, поранешен вработен во компанијата “Кембриџ Аналитика” која се занимава со прибирање податоци, им откри на новинарите на “Обсервер” и “Гардијан” докази кои покажуваат манипулации кои се спроведени од страна на оваа компанија, непосредно пред и за време на изборната кампања на Трамп.

“Кембриџ Аналитика”, компанијата која Трамп ја најми за време на изборната трка, е обвинета за собирање на податоци од повеќе од 50 милиони корисници на Фејсбук без нивно знаење.

Во оваа приказна е вклучен Александар Коган, научник кој собирал податоци со помош на тестови на личноста на социјалната мрежа и преку својата подружница “Global Science Research” (GSR), и ги делел со компанијата “Кембриџ Аналитика”.

Податоците собрани на овој начин користени се со цел да се создаде алгоритам кој ќе може да ги анализира индивидуалните Фејсбук профили и да се одреди типот на личноста од профилот, кои потоа ќе бидат поврзувани со типот на гласачите. Базата на податоци и алгоритми стана моќна политичка алатка која овозможи во текот на кампањата да привлече многу неодлучни гласачи и да испрати порака дека силно ќе одекне.

Документите до кои дојдоа новинарите покажуваат дека на крајот на 2015 година Фејсбук откри дека дошло до голема злоупотреба на податоци, но тогаш компанијата не ги предупреди корисниците за ова и презема многу малку за таквите работи да не се случуваат повеќе.

Марк Цукерберг, по неколку дена молчење и голем пад на вредноста на акциите на неговата компанија на берзата, се огласи на својот профил велејќи дека сториле грешка и дека нивна обврска е да ги штитат податоците за клиентите.

“Ако не можеме да го сториме тоа, тогаш не заслужуваме да им служиме на луѓето”, додаде тој.

Основачот на Фејсбук е поканет да сведочи за аферата пред американските и европските институции, а во јавноста доби на интензитет кампањата #DeleteFacebook, на кој се приклучија многу познати личности, вклучувајќи го основачот на WhatsApp, како и Елон Маск, кој ги избриша официјалните страници на Фејсбук на Тесла и “SpaceX”.

Се разбира, работите се сосема јасни. Kорисниците сами се согласија да споделат податоци со апликацијата на Фејсбук, не знаејки на кој начин овие податоци можат да се користат.

Фејсбук е одговорен за заштита на податоците од злоупотреба или предупредување на корисниците. Од друга страна, тешко е да се одреди точното влијание што го откриле фактите во текот на изборниот процес во САД и референдумот за ЕУ во Британија.

Сепак, тешко може да се види степенот до кој податоците за корисникот се продаваат за маркетинг цели, со цел да се влијае врз нивното однесување, без оглед дали купуваат политички или други производи.

Не е само приватноста тука. Оваа афера е само еден оддек од дебата која се води многу години и кој се однесува на фактот дека Фејсбук и други интернет гигантите собираат, користат и пакуваат податоци како би заработиле профит од милијарди долари.

 

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП