29 март, 2024
ПочетнаЗДРАВЈЕСекој ден започнувајте го со лажица мед

Секој ден започнувајте го со лажица мед

Сите знаат колку медот е здрав, но не знаат сите дека не е исто дали ќе се проголта веднаш, или, како што е правилно, постепено ќе се раствори во устата.

Ефектот се постигнува и ако се раствори во чаша млака вода, чај или млеко. На тој начин правилно се внесува во организмот и може да го зајакне, да го обложи желудникот, да ја угаси жедта или да помогне при кашлица и астма.

Освен тоа, важно е медот да се црпи со дрвена или пластична лажица, а не метална, бидејќи таа го неутрализира лековитото дејство.

Најдобро е да го консумирате наутро, на празен стомак, а ако сте настинати, секој пат со чај. Доколку имате проблеми со непцата или восплаение на усната шуплина, потребно е да го консумирате на секои три часа со цел да би помогне.

И не заборавајте да го топите полека!

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП