29 март, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАСноуден смета дека Facebook е шпионска компанија

Сноуден смета дека Facebook е шпионска компанија

Сноуден на својот „Twitter“ профил изјави дека, компанијата „Facebook“ е сокриена под поимот ,,социјална мрежа“ која во никој случај не е жртва во најновиот скандал со користењето на туѓи податоци.

Поранешниот соработник на „NSA“, Едвард Сноуден во саботата преку „Twitter“ објави дека „Facebook“ е шпионска компанија која ги продава приватните податоци на своите корисници. Изјавата на Сноуден го привлече вниманието на јавноста благодарение на скандалот со кој е поврзан „Facebook“.

Да се потсетиме, оваа друштвена компанија имаше соработка со приватна фирма која, за време на претседателските избори во САД ги искористи податоците на корисниците на социјалната мрежа „Facebook“.

Компаниите кои заработуваат со продажба на приватни податоци до пред некое време се нарекуваа ,,компании за надзор”,напиша Сноуден.

Нивното ребрендирање во ,,социјални мрежи” е до сега најуспешната измама од преименувањето на Министерството за војна во Министерство за одбрана.

Голем број на поплаки и негативен публицитет пристигнаа парарелно со скандалот во кој ,,Cambridge Analytica”, приватна компанија која се занимава со анализа на податоци и е во тесна соработка со тимот на Трамп, купила податоци за 50 милиони корисници без нивно знаење.

„Facebook“ веднаш по откривањето на оваа информација излезе со изјава дека, за соработката на компанијата со тимот на Трамп до сега не ни знаеле.

Како коментар на статијата на ,,New York Times” која пишува за скандалот, поранешениот соработник на „NSA“ нагласува дека за оваа ситуација не е виновена ,,Cambridge Analytica”, туку самиот „Facebook“.

„Facebook“ заработува преку продавање на лични податоци. Оваа друштвена мрежа не е жртва, туку сторител, вели Сноуден.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП