20 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАОдбележан Денот на млекото со хуманитарна акција

Одбележан Денот на млекото со хуманитарна акција

 BIMILK04

Домот за доенчиња во Битола, Домот за деца без родители „11 Октомври“ во Скопје и СОС Детското село во Скопје, добија донација од Битолска млекара по повод Светскиот ден на млекото – 1 Јуни.

Донацијата вклучува 1.300 килограми битолско млеко со 10 витамини. Донацијата ја додели директорката за човечки ресурси од Битолска млекара Лидија Буревска која истакна дека компанијата со задоволство ги реализира сите идеи во чиј фокус е доброто на децата.

Светскиот ден на млекото се одбележува од 2000-та година, воспоставен од страна на Организацијата на обединетите нации за земјоделство и храна со цел постојана промоција на здравиот начин на живот преку правилна и балансирана исхрана.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП