27 април, 2024
ПочетнаЗДРАВЈЕНадуени сте? Исфрлете го вишокот вода од телото со помош на чајот...

Надуени сте? Исфрлете го вишокот вода од телото со помош на чајот од оваа билка

Освен што задржувањето на водата во телото предизвикува чувство на надуеност, вашиот стомак има зголемен обем, а поради тоа и визуелно можете да делувате подебело. Затоа ви препорачуваме што поскоро да започнете да го консумирате чајот од оваа билка.

На надуеноста можат да влијаат низа фактори, а обично станува збор за консумирање на намирници богати со сол и шеќер, но и мешунки, кои предизвикуваат задржување на водата во организмот. Во случај на нерегулирана исхрана, може да се развијат болести на белите дробови, бубрезите, па дури и артритис.

Освен што би требало да ги исфрлите споменатите намирници од исхраната, ве советуваме секојдневно да консумирате една зачинска билка, која веќе сигурно ја имате во домот.

Станува збор за магдоносот, а чајот од оваа билка ќе потттикне исфрлување на водата од телото, но и на сите наталожени токсини бидејќи делува како диуретик.

Како да го подготвите чајот од магдонос?

Зовријте литар вода, додадете пет лажици свеж, секцан магдонос и оставете го да отстои околу 20 минути. Процедете.

Што се однесува на употребата, можете да го пиете повеќе пати дневно, но сепак немојте да претерувате.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП