26 април, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОЛЕ: Ристовски и Спортинг во дуел со Атлетико, Арсенал ќе ги одмери...

ЛЕ: Ристовски и Спортинг во дуел со Атлетико, Арсенал ќе ги одмери силите со ЦСКА

Македонскиот репрезентативен десен бек Стефан Ристовски со својот Спротинг Лисабон ќе игра против поранешниот двоен освојувач на трофејот во најмасовното натпреварување, Атлетико Мадрид во четвртфиналето во Лига Европа сезонава.

Спортинг, кој по продолженија успеа да се спаси и да обезбеди четврт-финале во Лига Европа го доби шпанскиот гигант Атлетико, кој двапати го освојуваше овој трофеј, а еднаш играше и финале во ЛШ во последните осум години, па португалскиот гигант со нашиот репрезентативец во составот ќе имаат тежок испит на патот кон полуфиналето.

Покрај овој дуел, возбудливо ќе биде и на останатите три, во кои Лајпциг ќе се соочи против бившиот европски првак Марсеј, еден од фаворитите за трофејот, Арсенал ќе игра со ЦСКА Москва, а римски Лацио со хитот на сезоната Салцбург.

ДВОЈКИ ЗА ЧЕТВРТФИНАЛЕ

Лајпциг – Олимпик Марсеј

Арсенал – ЦСКА Москва

Атлетико Мадрид – Спортинг Лисабон

Лацио – Салцбург

Првите мечеви се играат на 5-ти април, а реваншите на 12-ти април. Ждрепката за полуфинале е на 14-ти април, а последната елиминациска рунда ќе се игра на 26-ти април и 3-ти мај. Финалето е закажано за 16-ти мај на стадионот во Лион.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП