19 април, 2024
ПочетнаКУЛТУРАВо Флорида промовирана монографијата на Атанас Близнаков

Во Флорида промовирана монографијата на Атанас Близнаков

На пикникот што го организираше македонската православна црква „Св. Димитрија“ од Флорида беше претставено јубилејното издание на монографијата за македонскиот национален деец, иселеник и повратник од САД, Атанас Близнаков, чиј автор е публицистот Славе Катин. Промоцијата се одржа по повод 40-годишнината од формирањето на фондацијата „Атанас Близнаков“ на Универзитетот „Свети Кирил и Методиј“ од Скопје.

Монографијата, чиј рецензенти се: Ректорот проф.д-р Никола Јанкуловски и проректорот проф. м-р Гордана Јосифова – Неделковска е на македонски и англиски јазик, а е издание на Ректоратот на Универзитетот „Свети Кирил и Методиј“ од Скопје. Делото беше претставено пред голем број македонски иселеници од сите делови на Македонија, особено од Д’мбенското друштво и од селото Д’мбени, Костурско, од каде потекнува донаторот Атанас Близнаков.

Ова беше четврто претставување на монографијата „Атанас Близнаков“ на северноамериканскиот континент. Делото е посветенo на животот и делото на Атанас Близнаков, кој е еден од познатите и признати македонски иселеници-повратници, кој ја формира најголемата фондација во Македонија, од која околу 350 студенти завршиле универзитетско образование.

Според авторот, Атанас Близнаков припаѓа на онаа напредна генерација од првите доселеници на американскиот континент, која далеку од својата родна земја, со целиот свој живот и со целото свое битие остана трајно врзана со својот македонски народ и со Македонија.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП