20 април, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОКими и Ферари најбрзи пред стартот на сезоната

Кими и Ферари најбрзи пред стартот на сезоната

Возачот на Ферари, Кими Раиконен, го заврши последниот ден на тестирањето во 2018 година на врвот праќајќи им јасна порака на ривалите од Мерцедес, а Мекларен и Рено, конечно, имаа продуктивно попладне.

Утринското време на Раиконен од 1:17.221 не беше закането во текот на попладнето, со што од Ферари може да бидат задоволни со завршената работа во текот на двата теста во Барселона. Времињата од тестирањето честопати знаат да лажат и по стартот на сезоната да се случуваат сосема различни работи, меѓутоа јасно е дека Скудерија продолжува да биде најсериозниот конкурент на Мерцедес и покрај шпекулациите дека „Сребрената стрела“ не ја покажа вистинската сила на тестот.

Второ најдобро време имаше изненадувачки Фернандо Алонсо во Мекларен, со 1:17.784, за 0,563 секунди побавно од Раиконен. Мекларен повторно имаше проблеми во текот на утринската сесија губејќи пет часа поради менување на моторот на Рено (чие турбо откажа). Алонсо дури имаше подобро време од Финецот во последните 10 минути од тестот, но тоа време беше избришано бидејќи тој пресече една шикана.

Карлос Саинс Јуниор во фабричкиот болид на Рено го имаше третото најдобро време пред Даниел Рикјардо во Ред бул, а Роман Грожан беше најпродуктивниот за Хас Ф1 со 181 круг и петто најдобро време.

Валтери Ботас го одработе последното попладне за шампионите Мерцедес со само шесто најдобро време, но заедно со Хамилтон, кој возеше во утринската сесија, тимот помина неверојатни 201 круг.

Сега за сите Ф1-тимови почнува трката до Мелбурн на 25 март, период во кој ќе треба да се средат сите работи што беа забележани на двете недели тестирање и ќе се тргне во лов на победи.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП