16 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАЛондон: Инкасиравме 30 милиони фунти од Олимпијадата

Лондон: Инкасиравме 30 милиони фунти од Олимпијадата

londonolimpic1

Организаторите на Олимписките игри во 2012 година во Лондон објавија колку пари инкасирале домаќините од најголемиот спортски настан на планетата, кој беше одржан минатата година во Лондон.

Организаторите на Олимписките игри во Лондон 2012 година соопштија денес дека тие инкасирале 30 милиони фунти по одржаните Олимписки игри во главниот Град на Велика Британија.

Во соопштението се додава дека сите средства ќе бидат поделени меѓу Британскиот олимписки комитет (БОА) и владата, како и дека ќе бидат распределени за меѓународни развојни проекти кои беа од големо значење за Олимписките игри во 2012 година во Лондон, пренесуваат британските медиуми.

БОА ќе добие 5,3 милиони, параолимпискиот комитет 2,6 милиони, додека на Владата на Велика Британија, која обезбеди 9,3 милијарди фунати, ќе и бидат вратени 20 милиони.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП