25 април, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОЕнтони влезе во историјата при триумфот над Хјустон (видео)

Ентони влезе во историјата при триумфот над Хјустон (видео)

Кармело Ентони ја обележа изминатата ноќ во НБА-лигата, иако Оклахома претрпе пораз од Хјустон, 122:112. Мело го мина Џери Вест на 20. место на листата на најдобрите стрелци на сите времиња.

Кармело ја игра својата 15.сезона во најсилната кошаркарска лига во светот, во првата четвртина постигна тројка и го мина Вест на вечната листа.

Инаку, Џери Вест, човекот според кого е направено логото на НБА-лигата, во периодот од 1960 до 1974 година го носеше дресот на ЛА Лејкерс.

Ентони во првото полувреме постигна 19 поени, а натпреварот го заврши со 23 коша. Најефикасен во редовите на Оклахома беше Расел Вестбрук со 32 поени, 4 скока и 7 асистенции, но плејот на Тандер имаше и 9 загубени топки.

Хјустон го предводеа Крис Пол со 25 поени, односно Џејмс Харден со 23 поени, 5 скока, 11 асистенции и дури 10 загубени топки.

Хјустон ја забележа 16. победа во низа и со скор од 50 победи и 13 порази ја предводи лигата.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП