11 октомври, 2024
ПочетнаЗДРАВЈЕНаправете домашни пастили за грло

Направете домашни пастили за грло

Во сезоната на настинки и вируси, подготвивме за вас рецепт за бонбони кои ќе ја ублажат иритантната кашлица и ќе го залечат воспаленото грло.

Така сега сами ќе можете да направите таблети за грло, наместо постојано да купувате хемиски производи во аптека. Освен што ќе му помогнат на вашето грло, овие пастили исто така се и многу вкусни.

Потребни состојки:

– шолјичка шеќер

– половина шолјичка вода

– лажица лимонов сок

– лажичка мед

– половина лажичка мелен ѓумбир

– четвртина лажичка мелено каранфилче

Постапка:

Во сад сипете го шеќерот и водата, потоа додадете ја лажичката лимонов сок, богат со витамин Ц и лажицата мед кој има антибактериско својство, го смирува воспаленото грло и ја смирува кашлицата. Додадете го и мелениот ѓумбир, кој го зајкнува имунитетот, го отстранува воспалението и ја ублажува болката и мачнината. Потоа додадете го и каранфилчето, кое делува антисептички и е богато со антиоксиданси, а го намалува и создавањето на секрет.

Префрлете ги сите состојки во сад на оган и мешајте. Кога ќе зоврие промешајте уште еднаш и потоа намалете го огнот на најтивко. Оставете го да се вари 20-тина минути со повремено мешање.

Потоа смесата оставете ја малку да се олади и со лажичка на хартија за печење вадете мали форми на бомбони. Бомбоните валкајте ги во прав шеќер за да не ви се лепат.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП