12 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАХирурзи оперирале мозок на погрешен пациент

Хирурзи оперирале мозок на погрешен пациент

Четворица кениски хирурзи се суспендирани откако го отвориле черепот на погрешен пациент во болницата во Најроби. До забуна дошло бидејќи на еден пациент му била потребна операција за да му се отстрани згрутчување на крвта во мозокот, додека пак на друг му бил потребен неинвезивен третман поради отоци.

Поради замена на идентификациските таблици на креветите, опериран бил погрешен пациент. Хирурзите не забележале грешка за време на операцијата, се додека не откриле дека не постои згрутчување на крв.

Извршната директорка на националаната болница „Кењата“, Лили Корос, рекла дека состојбата на пациентот не е влошена со операцијата и дека тој се опоравува, како и дека во тек е истрага.

Одборот за контрола соопштил дека ова е прв пример на ваква грешка во историјата на Кенија.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП