Криптовалутите пропаѓаат и покажуваат класични знаци на “финансиски балон”, што се бара од страна на регулаторите да ги заштитат потрошувачите и да престанат да ги користат за нелегални активности, изјави Марк Карни, гувернер на Централната банка на Англија.
Карни не ги повикува на забрана на криптовалути како што е биткоинот, но ја истакна потребата тие да се регулираат на сличен начин како и останатите сегменти на финансискиот систем и истакна дека тие не можат ефикасно да ги заменат традиционалните валути.
– Криптовалутите служат како пари само на некои луѓе, и во ограничена мера, па дури и тогаш само паралелно со традиционалните валути. Мојот краток одговор е дека тие пропаѓаат, истакна тој на економската конференција на шкотските студенти.
Криптовалутите, додаде тој, во моментов не претставуваат ризик за финансиската стабилност на Велика Британија како целина, главно поради тоа што големите банки го ограничија нивното учество во нивниот бизнис, но тие претставуваат голем ризик за индивидуалните инвеститори.