2 мај, 2024
ПочетнаЗДРАВЈЕПрироден лек: Залепете парче од овој зеленчук со фластер за телото и...

Природен лек: Залепете парче од овој зеленчук со фластер за телото и заштитете се од бактерии

Лукот со право се смета за еден од најздравите зеленчуци, тој е навистина одличен за превенција од вирусите и грипот.

Лукот буквално може да застане рамо до рамо со некои од антибиотиците, токму поради својата лековита моќ и хранливите состојки.

Лукот содржи азотна супстанца, натриум, калиум, селен, калциум, магнезиум, силициум, сулфурна и фосфорна киселина, витамините Ц, Д, Б, фитостероли и етерични масла.

Тој може да го заштити нашето тело од бактериите, вирусите и инфекциите, а најдобар ефект има ако го консумирате наутро, на празен стомак. Тој тогаш има зголемени антибактериски својства.

Освен што лукот можете преку орален пат да го внесувате во телото, како што и нутриционистите најмногу советуваат и препорачуваат, овој зеленчук можете да го користите на уште еден начин.

Облогите од лукот поволно делуваат против чиреви, отворени рани, исеченици и гребаници, брадавици, габични инфекции на кожата и многу кожни болести.

Ако имате брадавици кои се предизвикани од ХПВ вирусот, ставете лук на фластер и залепете го на кожата, поточно на пределот на телото кој е зафатен со промени на кожата.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП