25 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈААлкалоид воведе иновација во теренската комуникација

Алкалоид воведе иновација во теренската комуникација

alk

Алкалоид АД Скопје имплементираше апликација за комуникација меѓу вработените, односно оние кои се на терен, во канцелариите и во подружниците надвор од Македонија.

Апликацијата „CRM Sales Vision Pharma Anywere“ функционира со мобилни таблет уреди и претставува надоградба на постоечкиот систем за управување на односите со клиентите што Алкалоид го имплементираше уште во 2008 година.

Функционалностите на ова решение се поврзани со анализата на податоци, секојдневното планирање, маркетиншки активности, анализа на податоци, проекти, истражувања итн.

– Успешното комплетирање на овој проект од полето на информатичката технологија и телекомуникации на Алкалоид АД Скопје, ја отвори вратата за следната планирана фаза, а тоа е работа на терен со таблет уреди и во останатите подружници надвор од Македонија и нивно синхронизирање со базата, истакна Никола Димовски, директор на сегментот за информатичка технологија во компанијата.

Според Дамир Шафариќ, генерален директор на „Медиа-Софт“, компанијата партнер во овој проект, Алкалоид е амбициозна компанија со моќно портфолио, посветена на иновации.

Со ова, Алкалоид стана првата компанија во Македонија и првата регионална фармацевтска компанија која самостојно ја имплементираше оваа апликација.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП