26 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАРасте бројот на заболени од грип, регистрирани речиси 3.000 случаи

Расте бројот на заболени од грип, регистрирани речиси 3.000 случаи

Во текот на изминатата недела (од 5 февруари до 11 февруари) во Република Македонија се регистрирани 2.964 заболени од грип, што е зголемување од 48 отсто во споредба со претходната недела кога беа регистрирани 2.001 заболен, се наведува во извештајот што на својата веб-страница денеска го објави Институтот за јавно здравје.

Во однос на минатата сезона кога биле регистрирани 386 заболени, постои зголемување од 7,7 пати на бројот на заболени во шестата недела од годинава.

Најголем број заболени – 1.650 се пријавени во најголемата возрасна група од 15 до 64 години, а кај децата на возраст од 5 до 14 години има 327 случај на 100.000 жители.

Досега во сезоната 2017/2018 вкупниот број пријавени случаи со заболувања слични на грип изнесува 8.443.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП