Нa „Wall Street“ вчера индексите пораснаа трет ден по ред, но главно се тргуваше внимателно, затоа што се чекаат податоците за инфлацијата во САД, кои би можеле значително да влијаат на пазарот.
„Dow Jones“ порасна за 0,16 %, нa 24.640 бодови, додека „S&P 500“ забележа раст за 0,26 %, нa 2.662 поени, a „Nasdaq“ индексот порасна за 0,45 %, на 7.013 бодови.
На најголемата светска берза цените на акциите пораснаа трет ден по ред, со што продолжи опоравувањето од минатонеделниот остар пад, најголем во последниве две години.
Вчера раст на цените беше забележан во девет од 11-те најважни сектори на „S&P 500“ индексот, при што предводеше оној за недвижнини со раст од 0,5 %. Меѓу најголемите добитници беа и неколку акции на технолошките гиганти, како што се „Amazon.com“ и „Apple“.
Во последните три дена индексот „S&P 500“ забележа раст од 3,2 %, но и натаму е во минус од 7,3 % во однос на своето рекордно ниво достигнато на 26-ти јануари.
Инвеститорите вчера беа внимателни затоа што пазарите се уште не се стабилизирани и затоа што денеска ќе бидат објавени податоците за инфлацијата и малопродажбата во САД.
Аналитичарите велат дека податоците ќе бидат клучни за краткорочното движење на пазарот, со оглед дека на почетокот на февруари податоците за силниот раст на вработеноста и платите предизвикаа остар пад на цената на акциите, токму поради стравот дека зголемувањето на потрошувачката ќе ја подигне инфлацијата, а го најави ФЕД со забрзување на темпото за зголемување на каматите.
Роб Хејворт, стратег во фондот „U.S. Bank Wealth Management“, вели дека растот на цените на акциите три дена поред имаат добар знак, но дека е прерано да се каже дали пазарот се стабилизирал.
„Мислам дека барем уште неколку денови може да се очекува нестабилно тргување, додека пазарот не го сфати она што навистина се случува“, вели Хејворт.
Поддршка на пазарите нуди и зајакнувањето на најголемите светски економиј, добрите бизнис резулати на компаниите и неодамна воведената даночна реформа во САД, со која се намалени даноците за компаниите.
Од друга страна, дел од аналитичарите сметаат дека пазарите по повеќегодишниот силен раст и постојаното достигнување на рекордни нивоа е преценето, со оглед на плановите на централните банки во светот дека оваа година ќе го укинат поттикнувањето на монетарните мерки кои со години со ниска цена го поддржуваа растот на акциите.
За внимателноста на инвеститорите укажува и обемот на тргување. На американските берзи сопствениците замениле 6,4 милијарди акиции, додека просечниот дневен обем во последните 20 дена изнесуваше 8,4 милијарди.
А на европските берзи цените на акциите вчера забележаа пад. Лондонскиот индекс „FTSE“ падна за 0,13 %, на 7.168 поени, додека франкфуртски „DAX“ се намали за 0,70 %, на 12.196 бода, a париски „CAC“ оствари пад од 0,60 %, на 5.109 поени.