28 март, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОТоти „плаче“ што не заминал во Реал

Тоти „плаче“ што не заминал во Реал

totii

Франческо Тоти истакна дека би можел да освои три титули во Лигата на шампионите и две Златни топки, доколку во минатото го одбрал Реал Мадрид.

Капитенот на Рома, призна дека имал можност да заигра за „кралевите“, но одбил се со цел целата своја кариера да ја мине во родниот клуб.

„Можев да имам повеќе можности во мојата кариера, но решив да останам во Рома”, изјави Тоти.

„Изгубив толку многу нешта кои можев да ги добијам. Знаев што избирам, иако на пример фактот дека не сум ја освоил Лигата на Шампионите. Ако го одберев Реал Мадрид, можев трипати да ја освојам Лигата на шампионите и да земам две Златни топки и кој ли знае што друго“, додава капитенот на „волчицата“.

„Сакав да имам повеќе можности, во тоа нема сомнение, но јас сум среќен со моите избори. Само жалам што неможевме да освоиме две или три титули на Италија со Рома”, вели Тоти.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП