8 мај, 2024
ПочетнаЗДРАВЈЕТоп намирници во борбата со сантиметрите околу стукот

Топ намирници во борбата со сантиметрите околу стукот

Пилешко, јајца и мисиркино месо се најмоќното оружје во борбата против вишокот масти во организмот. Ако се определите за овие намирници силно ќе го забрзате метаболизмот, ќе го засилите согорувањето на калориите и изградбата на мускулната маса. И тоа не само додека вежбате.

Во секој план за исхрана ако сакате да ослабите треба да вклучите малку белковини за да останете подолго сити.

Учинокот ќе биде посилен доколку го зачините месото со лута пиперка или чили, бидејќи тие содржат капсаицин кој го забрзува метаболизмот.

Бројни научни истражувања покажаа дека јадењето на чили може да го забрза трошењето на калориите.

Соја

Истражувањето на науниците од Универзитетот Илиноис покажало дека сојата во било кој облик му ги обезбедува на организмот неопходните белковини.

Грејпфрут

Ова јужно овошје го регулира нивото на шеќер во крвта и го намалува чувството на глад, има малку калории, па треба задолжително да го јадете додека сте на диета.

Зелен чај

Пиењето на зелен чај го забрзува метаболизмот и го поттикнува губењето на килограмите, покажа истражувањето објавено во магазинот „American Journal of Clinical Nutrition“.

Најдобар ефект се постигнува кога пиете најмалку три шолји во текот на еден ден.

Бадеми

Овој јаткаст плод, бланширан или сиров е одличен сојузник на вашиот струк. Тој обезбедува здрави масти кои се потребни за разградување на шеќерот и вишокот масти во вашето тело. Вкусни се и едноставни за користење.

Кокос

Кокосот е супернамирница доколку сакате да ослабите. Богат извор е на масти кои помагаат вашиот црн дроб да функционира правилно, а токму црниот дроб е заслужен за согорување на мастите и исфрлање на токсините.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП