3 мај, 2024
ПочетнаКОМПАНИИНамален рејтингот на Commerzbank

Намален рејтингот на Commerzbank

comm1

Меѓународната кредитна агенција „Standard & Poor`s“ го намали долгорочниот кредитен рејтинг на „Commerzbank“.

Агенцијата наведе дека пред втората најголема банка во Германија стои тежок период за доведување на финансиската ситуација во ред.

Агенцијата, кредитниот статус на „Commerzbank“ го намали за еден степен на „A-“, со негативна прогноза, што значи дека рејтингот наскоро би можел повторно да биде намален, можеби на „BBB+“, доколку моменталното влошување на економските услови ги загрози напорите на банката да ја намали својата изложеност на ризикот.

„Commerzbank“ на средината на мај објави дека го зголемила капиталот за 2,5 милијарди евра, со цел да ја отплати државната помош, која ја доби во текот на финансиската криза во 2008 и 2009 година.

За првите три месеци од оваа година, банката забележала нето загуба од 94 милиони евра, поради високите трошоци за реструктуирање.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП