13 мај, 2024
ПочетнаЗДРАВЈЕЖитариците ќе ви ја вратат енергијата

Житариците ќе ви ја вратат енергијата

Американските научници тврдат дека по вежбањето, една чинија со млеко и житарици ќе го освежи вашето тело многу подобро отколку некој од скапите и штетни енергетски пијалоци.

Истражувачите од Универзитетот во Тексас открија дека житариците помагаат во обновата на енергетската залиха на телото и градењето на мускулите. Всушност, тие тврдат дека по физичка активност, житариците во комбинација со млеко ќе завршат многу подобра работа во освежување на вашето тело – отколку спортските напитоци.

“Наша цел беше да ги споредиме житариците со цело зрно и млеко, што претставува вообичаена храна, со спортските пијалоци после умерено вежбање. Откривме дека надополнувањето на залихата со гликоген, или обновата на горивото на мускулите, беше еднакво добра после конзумирање на житарици со цело зрно, а во некои аспекти синтезата на протеините беше дури и подобра”, изјави главниот истражувач Лин Камер.

Тимот на истражувачи, кој своите резултати ги објави и во магазинот „Journal of the International Society of Sports Nutrition“, смета дека житариците претставуваат евтина и ефикасна замена за скапите и штетни енергетски пијалоци.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП