10 мај, 2024
ПочетнаАВТОБИЗHarley-Davidson ќе лансира електричен мотор (фото+видео)

Harley-Davidson ќе лансира електричен мотор (фото+видео)

Американската компанија „Harley-Davidson“ потврди дека ќе го претстави серискиот електричен мотор во следните 18 месеци. Проектот е наречен „LiveWire“, а компанијата сака да се претстави како лидер меѓу електрични мотори.

Прототипот на електричниот мотор на Американците – „LiveWire“ беше претставен во 2014-та година, а погонот му е доверено на електромотор со моќност од 75 КС, кој црпи енергија од батерија со капацитет од 7 kW/h.

Забрзувањето „LiveWire“ од 0 до 96 км/ч трае 4 секунди и максималната брзина е 160 км/ч. Максималната километража е 80 километри, што сигурно ќе се промени за стандардната верзија. Се претпоставува дека километражата ќе се зголеми најмалку двапати.

Во 2016-та година, данската компанија „Fenris Motorcycles“ презентираше електричен прототип со 200 коњски сили и максимална брзина од 300 км/ч. Компанијата тврди дека нивниот повторен прототип е најбрзиот сериски електричен мотор во светот.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП