15 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАСугарески на преговори со кинеска компанија за изградба на нови пруги

Сугарески на преговори со кинеска компанија за изградба на нови пруги

Министерот за транспорт и врски, Горан Сугарески и директорот на Македонски Железници –Инфраструктура, Ирфан Асани, денеска остварија средба со претставници на кинеската компанија China Railway Group Limited.

На средбата се разговараше за инфраструктурните проекти во делот на изградба и реконструкција на Железницата во Република Македонија.  Министерот пред претставниците на China Railway Group Limited ги презентираше проектите на Владата на Република Македонија за изградба на нови пруги во земјата како и условите за учество на јавните повици за нивна реализација.

„Денеска остваривме значајна средба со претставниците на компанијата China Railway Group Limited на која ги презентиравме сите проекти во делот на железничката инфраструктура. Исто така ги запознавме и со проектите кои планираме да ги реализираме во периодот што следува за што ги повикавме да се приклучат кон јавните повици. Средбата беше одлична можност да ги слушнеме нивните планови за реализација на проекти што се од регионално значење“, изјави министерот за транспорт и врски Горан Сугарески.

Претставниците на кинеската компанија ги презентираа проектите на кои работат во моментов и покажаа интерес за учество во изградба на капитални проекти и во Република Македонија.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП