18 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАСБ: Светското богатство расте, но не насекаде

СБ: Светското богатство расте, но не насекаде

Богатството во целиот свет се зголемило значително во последните две децении, но по глава на жител тоа се намалило или останало без промена во над 20 земји и тоа во класи со различни приходи. Ова е последниот извештај на Светска банка, „The Changing Wealth of Nations 2018“, објавен во вторникот.

Според извештајот, глобалното богатство пораснало за 66 отсто – од 690 илјади милијарди долари во 1995-та година на 1143 илјади милијарди долари во 2014-та година со постојан девизен курс на американската валута за истата година. Нееднаквоста сепак останува значителна, а финансиската состојба по глава на жител во богатите земји од Организацијата за економска соработка и развој (ОЕЦД) е 52 пати поголема од онаа на земјите со пониски приходи.

Извештајот ги следи податоците за 141 земји во последните две децении, вклучувајќи ги во анализата природниот капитал (на пример шуми), човечкиот капитал (приход во рамките на еден живот), производниот капитал (инфраструктура) и нето странски средства.

Пад во богатството по глава на жител се забележува во неколку земји со ниски приходи, во некои богати со нафта држави од Блискиот Исток и во богатите земји од ОЕЦД, погодени од финансиската криза од 2009-та година. Според авторите на извештајот над 20 земји со ниски приходи каде природниот капитал доминирал во благосостојбата во 1995-те година, се стекнале со статус на земји со среден приход во периодот, делумно инвестирајќи во секторите како инфраструктура, образование и богатство. Ова им овозможи на земјите да го зголемат својот човечки капитал.

Авторите на студијата истакнуваат дека иако инвестициите во човечкиот и производниот капитал се важни, збогатувањето не значи искоренување на природниот капитал. Природниот капитал по глава на жител во земјите од ОЕЦД пример е три пати повисок од оној во посиромашните земји, иако процентот во општото богатство е само 3% од земјите во организацијата.

Според извештајот вредноста на средствата од природниот капитал се дуплирани меѓу 1995-та и 2014-та година. Една од причините за тоа се повисоките цени на суровините, како и растот на економски најефикасните резерви. Во исто време продуктивната вредност на шумите се намалила за 9%, бидејќи земјоделското земјиште се прошируваат за нивна сметка на многу места.

Последниот извештај за прв пат вклучува проценки за човечкиот капитал и покажува дека жените формираат под 40% од глобалниот човечки капитал заради ниските плати во нивните животи. Авторите истакнуваат дека со постигнување на родова еднаквост, богатството во овој сегмент може да порасне за 18%.

Човечкиот капитал, исто така, формира две третини од глобалното богатство, додека производството – една четвртина. На природниот капитал се придава 10%, но во исто време останува најголемата компонента од финансиската состојба на посиромашните земји (47% во 2014-та година) и над една четвртина од богатството на земјите со ниски и средни примања.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП