26 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАПросечната нето плата во март 21.294 денари

Просечната нето плата во март 21.294 денари

denari

Просечната исплатена нето плата во март изнесува 21.294 денари, а бруто платата 31.185 денари и претставува зголемување за еден процент во однос на истиот месец минатата година.

Зголемувањето, како што објави денеска Државниот завод за статистика, се должи, пред сé, на покачувањето на платите во секторите Транспорт и складирање, Дејности на здравствена и социјална заштита и Снабдување со вода, отстранување на отпадни води, управување со отпадни дејности за санација на околината.

Покачување на нето-платата во споредба со претходниот месец е забележано во секторите: Информации и комуникации, Рударство и вадење камен и Градежништво.

Во март, 2,6 проценти од вработените не примиле плата.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП