28 април, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНО5 милијарди евра ќе се потрошат во летниот преоден рок

5 милијарди евра ќе се потрошат во летниот преоден рок

parifudbal

Иако официјално летниот преоден рок се уште не е започнат, банкарските сметки веќе одамна се подготвени за средбите на клупските раководства на тимовите низ цела фудбалска Европа.

Економистите прогнозираат дека ова лето ќе биде историско затоа што се очекуваат рекордни суми за трансфери, а според пресметките вкупната бројка се очекува да достигне 5 милијарди евра!

Монако, ПСЖ, Манчестер Сити, Реал Мадрид, Челзи – тоа се тимовите од кои се очекува да посегнат најдлабоко во своите „џебови“ во жешките месеци и дека секој од нив ќе потроши стотици милиони евра за засилувања.

62 дена за трансфери имаат тимовите во текот на летото, но повеќе од еден месец пред отворањето на прозорецот дел од клубовите веќе го отворија ќесето – Монако даде 70 милиони евра за Родригез и Жоао Моутињо од Порто. Најверојатно наскоро ќе го купат и Фалкао за уште 60 милиони. За Марио Гетце новиот европски шампион, Баерн Минхен одвои 37 милиони евра. Нејмар премина од Сантос во Барселона за околу 30 милиони евра.

Реал Мадрид, Манчестер Сити и ПСЖ се уште не започнаа да трошат. Челзи, Баерн, руските гиганти Зенит и Анжи исто така се подготвени да даваат купишта пари. Во нивните трансфер листи се многу скапи играчи како Единсон Кавани, Герет Бејл, Златан Ибрахимовиќ, Вејн Руни, Луис Суарез. Цената на Кристијано Роналдо пак е 100 милиони евра!

Ова трошење на средства, според експертите, се должи на недоволно задоволителните резултати во изминатата сезона кои ги остварија клубовите. Па поради тоа се подготвени да дадат уште многу пари за во иднина да остварат поголеми успеси.

„Монако е веќе хит. Димитриј Риболовлев е подготвен да потроши стотици милиони за да направи нов тим. Шеиците од Катар исто така нема да седат со скрстени раце. Ќе има реформи и во Челзи, Сити, Баерн, Реал, Барса … Сигурно е дека не очекува најлудиот трансфер период до сега“, коментира престижното списание „Форбс“.

Според различни информации, Монако има неограничен буџет за трансфери, Челзи има подготвено 450 милиони евра, Сити – 425, Реал Мадрид – 375, а ПСЖ – 300 милиони евра.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП