25 април, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОШпанија обезбеди пласман во финалето (видео)

Шпанија обезбеди пласман во финалето (видео)

Шпанија петти пат се пласира во финалето на Европското првенство во ракомет кога во неверојатен меч во Загреб со 27:23 ја совладаа моќната Франција бидејќи предноста од првото полувреме беше недостижна за Карабатиќ и друштвото.

Шпанија ќе го чека подобриот од нордиската пресметка Данска -Шведска во 20 часот.

Во првото полувреме Шпанија ја предводеше фантастичниот Феран Соле со шест гола од шест шута, а на голот блескаше асот на Вардар, Арпад Штербик, кога беше повикан во последен момент во шпанскиот состав за камбек по две години пауза, по што резултатот беше шокантни 15:9.

Светскиот шампион Франција ја намали разликата на почетокот на второто полувреме преку Карабатиќ, меѓутоа Соле и Ентрериос ја враќаат разликата на 18:12 за да има дури +9 во текот (23:14) преку Алекс Душебаев на 16 минути пред крајот.

Французите успеваат мечот да го направат поинтересен со низа од 6-0 за да намалат на 23:20, меѓутоа во завршницата Шпанците остануваат сигурни в недела во 20.30 часот да се борат за првото европско злато по четири порази во финалињата (1996, 1998, 2006, 2016).

Соле заврши со седум гола за Шпанија, Раул Ентрериос додаде шест, а Штербик можеше да се пофали со три одбранети пенали. Кај Французите најдобар беше Седрик Сораиндо со шест гола.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП