6 мај, 2024
ПочетнаЗДРАВЈЕШто ви откриваат промените на стапалата

Што ви откриваат промените на стапалата

Секоја промена на стапалата е знак дека нешто се случува во организмот, а лекарите ги издвојуваат најважните промени кои треба да ги препознаете.

Дали сте знаеле дека стапалата, исто како и лицето, се најдоброто огледало за вашата здравствена состојба? Секоја промена на стапалата е знак дека нешто се случува во организмот, а ова се најважните промени….

– Доколку забележувате дека раничките многу бавно ви зараснуваат, најверојатно страдате од дијабетес. Меѓутоа, докторите велат дека тоа може да биде знак и за меланом, па се препорачува, преглед кај дерматолог.

– Загубата на влакна кај ножните прсти најчесто укажува на проблеми со циркулацијата.

– Грчот во стапалата е поврзан со нервните проблеми, а може да биде и знак за дехидратација и лоша исхрана, па се препорачува вежбање, внесување на повеќе течности и намирници богати со калциум, магнезиум и калиум.

– Хипотиреоза, т.н мрзлива штитна жлезда е најчестиот предизвикувач на ладни стапала, што може да предизвика и загуба на косата, вртоглавица, нагло дебелеење и депресија.

– Отекувањето, болката и црвенилото на ножните прсти може да е последица од гихт, инфекција или артритис, додека жолтите или двојни нокти алудираат на појава на габична инфекција.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП