6 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАРечиси секој од нас дома има ваков сад, но овој ќе биде...

Речиси секој од нас дома има ваков сад, но овој ќе биде продаден за 6.000.000 долари

World's most expensive coffee set to go under the hammer for £4.5 Million

Сребрениот рококо сад за кафе од 18 век би можел да достигне вредност од шест милиони долари кога во јули во Лондон ќе биде ставен на лицитација, соопшти аукциската куќа „Кристи“.

Богато урасениот сад, изработен во 1738 година во работилницата „Paul de Lamerie“, еден од најголемите филигранисти на своето време, проценета е на дури 4,5 милиони фунти (6,7 милиони долари).

Доколку ја достигне оваа цена, овој сад ќе стане најскапото англиско парче од сребро, надминувајќи го и рекордот кој во моментов го држи сребрениот бокал, кој му припаѓаше на Томас Вентворт, англиски дипломат од 18 век, кој во 2010 година беше продаден на аукција за 2,5 милиони фунти.

Како што пренесува Ројтерс, триножниот сад за кафе со дрвена резбана рачка е украсен со релјефи од сребро, слични на херувими, гранчиња од кафе, листови, школки и глава од лав.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП