29 март, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОГигс официјално е нов селектор на Велс

Гигс официјално е нов селектор на Велс

Легендата на Манчестер Јунајтед Рајан Гигс беше назначен за селектор на Велс, соопштија официјално од локалната фудбалска федерација.

Гигс, кој има 64 натпревари за Велс како фудбалер во периодот 1991-2007, потпиша четиригодишен договор и ќе го води тимот до светското првенство во Катар во 2022-ра година. Рајан Гигс го наследи Крис Коулман, кој замина во ноември, за да преземе Сандерленд.

„Горд сум што ми беше укажана чест да ја водам репрезентацијата. За мене е голем предизвик пред претстојните натпревари за Лигата на нациите и квалификациите за Евро 2020. Со нетрпение очекувам да започнам со работа“, коментира Рајан Гигс во специјално соопштение.

Гигс ја прекине извонредната кариера во 2014-та година и во следните две сезони беше помошник на Луис ван Гал во Манчестер Јунајтед.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП