2 јули, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАПедесетината граѓани протестираа пред Владата за аерозагадувањето(видео)

Педесетината граѓани протестираа пред Владата за аерозагадувањето(видео)

Дел од педесетината граѓани кои протестираа пред Владата за аерозагадувањето, изјавија дека животот во Скопје станува секојдневна фрустрација поради високите концентрации на канцерогени честички.

„Не можам да отворам прозорец. Не можам детето да го прошетам…“, рече граѓанка на протестот пред новинарите. „Како што носат закони по скратена постапка, така може да го решат и ова прашање“, додаде таа.

Граѓаните кои беа присутни рекоа дека ако еден ден воздухот е чист, тоа не значи дека таков ќе биде и утре во текот на следниот период. „Постои недостаток на чувство за големината на овој проблем“, рече еден од присутните.

Друг граѓанин на протестот изјави дека Владата не е виновна за загадувањето. Тој предлага вработените по министерствата и останатите институции да ги собираат автобуси, како што рече, по примерот на организација во поранешна Југославија. „Оваа власт дојде на власт зашто претходната власт не го решаваше проблемот со загадувањето“, изјави друг присутен граѓанин на денешниот протест.

Рашо Радулов, кој го организираше настанот на социјалната мрежа „Фесјбук“ изјави дека и сегашната и поранешната власт немаат слух за ова прашање. рече Тој констатираше дека на денешниот протест има повеќе новинари отколку граѓани. За согорувачот за медицински отпад во Дрисла кој британската влада во 2.000-та го донирала во Дрисла, Радулов рече дека граѓаните дознале многу доцна, а властите дозволиле тоа да помине незабележано. Тој исто така напомена дека бесплатниот автобуски превоз е само препорака, но не и ефективна мерка против загадувањето.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП