8 април, 2025
ПочетнаКОМПАНИИЧиле го казни Barrick Gold со 16 милиони долари

Чиле го казни Barrick Gold со 16 милиони долари

home-barrick-gold

Владата на Чиле со 16 милиони долари ја казни компанијата „Barrick Gold“ која е најголема светска компанија за експолоатација на злато.

Агенцијата за заштита на околината ја одредила казната поради излевањето на контаминирана вода од нивното наоѓалиште во „Pascua Lama“, а исто така им е одредена и забрана за работа додека не докажат дека можат да го контролираат отпадот.

Чилеанските Анди кријат големо количество на злато, а од „Barrick Gold“ веруваат дека може да ископаат близу 18 милиони унци во едно наоѓалиште на границата со Аргентина, нормално доколку им биде дозволено повторно да ископуваат.

Многумина не го поддржуваат проектот на канадската компанија, вклучувајќи ја и чилеанската Влада, затоа што сметаат дека е проектот е штетен за глечерите, но и за здравјето.

„ Нашата влада е одговорна. Сакаме да го заштитиме здравјето на граѓаните, а исто така и околината. Треба да се решат проблемите со проектите кои се одобрени пред многу години“, изјави портпаролот на Владата, Сесилија Перез.

Chile Barrick Gold.JPEG-08f85

Употреба на токсични материјали.

Рудникот на компанијата „Barrick Gold“ се наоѓа на највисоката надморска височина во светот и тоа на 5000 метри над нивото на морето.

За преработка на рудата во злато потребни се илјадници тони цијанид и други токсични материјали. Луѓето кои таму живеат веруваат дека токму тие материјали ја трујат нивната вода и имот.

„Barrick Gold“ веќе неколку пати беше приморан да го одложи овој проект вреден повеќе милијарди долари. Во Аргентина најверојатно ќе продолжат со работа, но во Чиле доколку продолжат проблемите можеби и во целост ќе се откажат од него.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП