6 мај, 2024
ПочетнаАВТОБИЗLexus IS дебитира во 2014-та година

Lexus IS дебитира во 2014-та година

Lexus-RC350-Trademark-1

„Lexus“ ќе ја претстави везијата со две врати на новиот „IS“ седан во текот на следната година. Додека „IS Coupe“ ќе биде претставен во 2014-та година како производен модел за 2015-та година.

„IS Coupe“ во суштина ќе биде сериска верзија на концептот „LF-CC“ кој дебитираше минатата година на саемот во Париз. „LF-CC“ дели неколку дизајнерски детали со седнот „IS“, вклучувајќи ја и предимензионираната предна решетка и задните светлосни групи кои се вметнати во браникот.

Палетата на агрегати ќе ја делат со седан верзијата, додека за европскиот пазар ќе биде интересна хибридната верзија.

lexus_lf_cc_concept_02-0917

Покрај тоа „Lexus“ најверојатно работи и на „F“ верзија на новиот „IS“ модел. Не е наведено времето на појавување, но следната генерација на моделот „IS-F“ скоро со сигурност ќе дојде со 5.0 V8 агрегат од актуелниот модел. „F“ третманот најверојатно ќе биде пренесен и на „Coupe IS“ моделот.

„Plug-in“ хибридната верзија на моделот „IS“ исто така е во игра, иако е се помала веројатноста поради не така добрата продажба на моделот „Toyote Prius Plug-in“ за разлика од класичниот „Prius“.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП