20 април, 2025
ПочетнаАВТОБИЗМоделот SLC ќе биде наследник на SLS

Моделот SLC ќе биде наследник на SLS

2,c=0,h=554.bild

Нови детали излегоа на виделина во врска со прашањето на наследникот на суперспортскиот автомобил „SLS AMG“ од понудата на „Mercedes“, а тоа е моделот „SLC“.

Претходно се сметаше како потполно нов независен модел кој требаше да се смести под „SLS“, но сепак овој нов автомобил е најавен да биде негова замена. Актуелниот „SLS“ ги одбројува деновите до завршувањето на продажбата која е предвидена за 2015-та година, а тогаш во продажните салони се очекува да пристигне „SLC“.

Иако „Mercedes“ планира да го пензионира „SLS“, елементите како покривната секција, сепак ќе биде пренесена на новиот модел. Самиот стајлинг на моделот „SLC“ ќе биде под големо влијание на поголемиот претходник, иако за „SLC“ ќе користат конвенционално отварачките врати, наместо „галебовите“, додека самиот автомобил ќе биде базиран на скратена платформа на актуелниот „SLS“.

mercedes-sls-amg

„SLC“ ќе дојде со палета на агрегати со снага помеѓу 333 и 585 ks, додека моделот „Black Series“ ќе пристигне малку подоцна од почетокот на продажбата.

Очекуваната цена за „SLC“ ќе се движи околу 90.000 евра, речиси половина од онаа на „SLS“. Пониската цена, помалите димензии и полесната каросерија би требало „SLC“ да го смести во рангот на „Porsche 911“.

Исто така за разлика од „SLS“, „SLC“ ќе дојде само како купе верзија.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП