28 март, 2024
ПочетнаЗДРАВЈЕНароден лек кој лекува неплодност и ги отстранува тешкотиите во климаксот

Народен лек кој лекува неплодност и ги отстранува тешкотиите во климаксот

Традиционалното лекување со даровите од природата може да помoгне при многу проблеми, а еве која билка сибирскиот народен лекар ја препорачува за лекување на неплодност и тешкотии во климаксот.

Јарослав Kазимиров е шаман и билкар од Омск. Шаманската „жица“ е пренесувана од колено на колено по женска линија, па Јарослав првите знаења ги стекнал од неговата баба, кај којa ги поминувал распустите во едно сибирско село, каде берел билки и учел за билките и традиционалното лекување. Иако дипломирал на Факултетот за култура во Омск, тој продолжил да се занимава со народната медицина.

Неплодност и климактерични тешкотии

Се верува дека жалфијата ја нормализира активноста на половите жлезди. Затоа се кориси кај неплодност, како и во климактеричниот период и кај старачките слабости како „подмладувачки“ лек. Инфузумот (чај или напиток) од жалфија, кога се зема орално, го намалува потењето и лактацијата, а го зајакнува централниот нервен систем. Сепак, не смее да се зема во преголеми количини, и не подолго од три месеци, бидејќи предизвикува иритација на слузокожата. Исто така, контрадикторен е кај акутниот нефритис и бременоста. Инфузум за орална употреба: една до две лажички од билката се прелеваат со две шолји врела вода (дневна доза).

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП