13 мај, 2025
ПочетнаЕКОНОМИЈААмериканците ќе изедат рекордна количина месо во 2018-та

Американците ќе изедат рекордна количина месо во 2018-та

Оваа година, Американците ќе консумираат повеќе месо од кога било досега. Ова го покажуваат податоците од Министерството за земјоделство на САД. Според нив секој жител на земјата ќе изеде во просек 100,8 килограми црвено и пилешко месо во претстојните 12 месеци.

Ако претпоставките се остварат, тоа ќе го подобри рекордот за потрошувачка поставен во 2004-та година, според „Блумберг“.

Во исто време, локалното производство, кое се очекува за прв пат да го помине прагот од 100 милијарди килограми, стимулирано со евтино жито, ќе се зголеми.

Освен за месо, се очекува раст во текот на годината и за други животински производи. Потрошувачката на јајца исто така е проектирана за да ги достигне досега највисоките нивоа. Побарувачката за млечни производи како сирење и путер исто така расте.

Многу Американци се повеќе се откажуваат од потрошувачката на јаглени хидрати по цена на протеини. Сепак, ова не е секогаш подобар избор, особено со оглед на тоа што се консумира големо количество месо, јајца и млечни производи. Додека Владата препорачува внес на протеини кај возрасните да е помеѓу 142-184 грама дневно, од Министерство на земјоделство предвидуваат просек човек да користи 283 грама месо на ден во 2018-та година.

Ова претставува значајна промена на трендовите во споредба со периодот 2007-2014 година, кога потрошувачката по глава на жител забележа пад со 9%, што значително ги зголеми цените на суровините.

И додека цените на добитокот и свињите во моментов се значително пониски од оние во 2014-та година, не може да се исклучи зголемување во наредните месеци. Извозот на американското месо се зголеми со подобрувањето на светската економија, пред домашната побарувачка.

Замената на месо исто привлекува внимание на корисниците во последниве години, најмногу поради негативните последици кои употребата на локални производи може да има врз здравјето, животните и животната средина. Според податоците на американската „CoBank“ меѓу главните трендови во исхраната ќе се протеините од растенија, инсекти или култивирано месо, иако тие не се очекува уште да покажат значителен ефект врз продажбата на животински производи.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП