17 мај, 2024
ПочетнаЗДРАВЈЕ„Зимски“ намирници за прекрасен тен

„Зимски“ намирници за прекрасен тен

Здравјето и убавината доаѓаат од чинијата, велат нутриционистите, а ако сакате да имате убав тен и чиста кожа, а во исто време да бидете расположени, јадете цвекло, прокељ, зимска крушка и тиква.

Цвеклото е идеална зимска храна бидејќи содржи влакна, многу витамин Ц, магнезиум, железо и фосфор. Овие состоји го стимулираат метаболизмот и ги елиминираат токсините од лимфниот систем. Коренот од оваа намирница го зголемува нивото на кислород во клетките, што ја прави и иделана намирница за анемичните лица, а особено влијае и на тоа тенот да ви биде поубав и почист.

Прокељот е богат со витаминот Е, антиоксиданти и железо. Содржи протеини кои го зајакнуваат имунолошкиот систем, но и фолна киселина, цинк и магнезиум кои го подобруваат квалитетот на косата.

Зимските крушки го стимулираат варењето и чистењето на организмот. Бидејќи се исклучително богати со влакна и со леснотија го одржуваат нивото на шеќер во крвта, па со самото тоа и желбата за слатки.

Тиквата е богата со каротен кој благотворно делува на кожата, ја подобрува нејзината текстура и ги ублажува оштетувањата предизвикани од надворешните фактори. Содржи многу калиум, витамин Б, но и цинк кој го одржува високо нивото на колаген и спречува појава на акни.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП