26 април, 2024
ПочетнаЗДРАВЈЕ5 причини зошто портокалот е крал за време на празниците

5 причини зошто портокалот е крал за време на празниците

Ова освежително овошје претставува совршена ужинка бидејќи е богато со минерали, витамин Ц и вода која не освежува. Токму поради тоа е повеќе од добредојдено за време на празничните трпези.

Моќни минерали

Освен витамин Ц, портокалите се богати и со минералите – калциум, калиум и магнезиум. Калциумот ги чува коските, а калиумот нервниот систем и мускулното ткиво. Освен тоа, неопходен е и за одржување на рамнотежа на водата во организмот.

Идеално овошје за трудници и пушачи

Познато е дека витаминиот Ц го уништува никотинот, па често се вели дека, ако на непушачот му е потребен еден портокал како заштита од настинки, тогаш на пушачот му се потребни три. Ова овошје е идеална храна и за трудниците бидејќи е богато со фолна киселина, неопходна за развој на фетусот.

Висок процент на вода

Портокалите содржат дури 86 проценти вода, па брзо го заситуваат организмот. Избирајте ги оние со помалку рапава кора бидејќи се посочни и послатки.

Лековита е внатрешната страна на кората

Флавоноидите, моќните антиоксиданси кои во најголем дел се наоѓаа во внатрешниот бел дел од кората на портокалот, го намалуваат ризикот од мозочен удар.

Етерично масло против бактерии

Уште одамна древните цивилизации знаеле за користењето на етеричното масло од портокалот, кое има фунгицидно и бактерицидно дејство.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП