3 мај, 2024
ПочетнаАВТОБИЗGran Lusso V12 - првата креација на BMW и Pinifarina

Gran Lusso V12 – првата креација на BMW и Pinifarina

BMW-Pininfarina-Gran-Lusso-kupe-1

„BMW“ и „Pininfarina“ го претставија својот заеднички дизајниран и развиен модел „Gran Lusso“, додека официјалната премиера на овој автомобил e закажана за викендов.

Големото купе е резултат на првата соработка во историјата меѓу „BMW“ и „Pininfarinа“.

BMW-Pininfarina-Gran-Lusso-kupe-2

Кога баварскиот производител ги претстави скиците и неколкуте детали од автомобилот со V12 мотор многумина помислија дека ќе добиеме нова верзија на купе од Серијата 8 кој се произведуваше од 1989-та до 1999-та година.

Сепак, „BMW Pininfarina Gran Lusso V12“ не потсетува на Серијата 8, иако првите луѓе на компанијата мислат поинаку. Како пренесуваат одредени медиуми, овој концепт би можел да послужи како основа за купе со ознака на Серијата 8.

BMW-Pininfarina-Gran-Lusso-kupe-4

„Основата“ на ова купе ја составуваат елементи кои се позајмени од Серијата 7: 6.0 литарски мотор со турбо-компресор со „760Li“, кои снагата ја распределуваат на задните тркала. Колку точно „коња“ има не е познато, но на „760Li“ оваа V12 единица има 535 KS.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП