26 април, 2024
ПочетнаЗДРАВЈЕОцет кој го фалат докторите

Оцет кој го фалат докторите

Иако кај нас најмногу се користат винскиот, јаболковиот и алкохолниот оцет, оцетот од боровници е многу здрав и потценет, како што велат лекарите.

Оцетот од боровници е богат со хемикалии кои можат да помогнат во борбата против деменција, сметаат експертите. Утврдено е дека овој оцет поради сите свои состојки е добар за краткотрајното паметење.

Вистина, експериментот со кој е докажано дека овој оцет добро влијае на паметењето е спроведен на лабараториски глувци, но со оглед на тоа колку боровниците се добри за здравјето, ниту оцетот од ова овошје не може да биде погрешен избор.

Кога станува збор за експериментот, на глувците на кои им бил даван оцет од боровници имале повеќе протеини во нервните клетки, како и повеќе супстанци кои со тек на време се уништуваат кај пациентите заболени од деменција.

Нутриционистите од Јужна Кореја се надеваат дека овој оцет исто така делува и кај човекот. Во секој случај, ова е многу важно откритие бидејќи се проценува дека од деменција боледуваат околу 50 милиони лица, а според проценката на експертите, до 2030 година нивната бројка ќе изнесува 75 милиони.

Засега нема лек за оваа болест, па поради тоа било што, што може да го запре напредувањето на деменцијата или да послужи како превенција е драгоцено.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП